Home » Ураганот Берил остави без струја над 1,5 милиони луѓе во Тексас

Ураганот Берил остави без струја над 1,5 милиони луѓе во Тексас

by Журнал.мк

Повеќе од 1,5 милиони луѓе во Тексас моментално се без електрична енергија по налетот на ураганот Берил од правец на Мексико и Карибите кон таа американска држава, објави веб-страницата PowerOutage.

Како што е наведено, 1.537.649 жители на Тексас од утрината останале без струја, пренесува Си-Ен-Ен.

Ураганските ветрови од речиси 120 километри на час го погодија брегот на Тексас, додека најсилните се забележани во градот Фрипорт (151 километар на час).

Метеоролошка станица во Хјустон на надморска височина од речиси 69 метри утрината регистрира налет на ветер од 81 километар на час. Националната метеоролошка служба ги повика жителите на повеќекатните згради „да не излегуваат на балконите и да се држат подалеку од прозорците“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More