Home » УПОЗ со ултиматум до Бесими да потпишат колективен договор

УПОЗ со ултиматум до Бесими да потпишат колективен договор

by Журнал

Вработените во министерството за финансии бараат од Фатмир Бесими веднаш да го потпише колективниот договор со кој сите вработени ќе добија повисоки плати откако Уставниот суд пред десетина дена го укина членот 66 од Законот за Буџети.

Од Синдикатот соопштија дека бараат од Бесими да го потпише колективниот договор, најдоцна до понеделник, и обвинија дека тој до сега игнорирал седум нивни барања за средби.

Според Синдикатот со Колективниот договор ќе се спречи да има произволно покачување на платите кај вработените.

Потпишувањето на колективниот договор е единствено праведно и правично решение со кое повторно сите вработени ќе можат да добијат надополнување на нивните плати, и истото претставува единствено решение бидејќи средствата за исплата на надополнување се веќе обезбедени и се наоѓаат на сметката на Министерството за финансии. Апелираме до министерот, да не прави уште поголем раздор помеѓу вработените, бидејќи според нашите информации се говори дека на одредени раководни лица во министерството, е да направат огромна дискриминација на начин што само мал дел од вработените ќе добијат надополнување на плата од 30 проценти, одреден дел ќе добијат 15 проценти, а голем дел од вработените нема да добијат ништо, изјави генералниот секретар на Синдикатот на упоз, бојан трипуноски.

Доколку Бесими не го потпише колективниот договор, од Синдикатот соопштија дека поради распишаните изборни нема да може да стапат во штрајк и протести сѐ до крајот на изборниот процес, но тоа ќе се случи по изборите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk