Home » УПОЗ најавува штрајк, не се ни обидуваат да разговараат со Владата

УПОЗ најавува штрајк, не се ни обидуваат да разговараат со Владата

by Журнал.мк

Синдикатот на администрацијата УПОЗ објави дека ќе започне штрајк со барање за зголемување на платите на административците за дури 30%.

Оваа одлука доаѓа без претходни преговори со Владата, што предизвикува остри реакции од различни страни.

Барањето за зголемување на платите не е предвидено ниту со закон, ниту со колективен договор, што според експертите претставува директна форма на притисок врз институциите за решенија надвор од правните рамки.

Според аналитичарите, ССМ и УПОЗ покажуваат блискост со партии од опозицијата со цел да предизвикаат политичка нестабилност.

Иако Владата неодамна ги зголеми платите на просветните работници, докторите и здравствениот персонал, синдикатите сега бараат повисоки плати за администрацијата во министерствата.

Дополнително, јавноста критикува дека синдикалните лидери, кои примаат плати над 1.000 евра со дополнителни привилегии, се однесуваат како монарси, што го намалува кредибилитетот на нивните барања.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk