Home » Уништувањето на шумите во бразилскиот Амазон на рекордно високо ниво

Уништувањето на шумите во бразилскиот Амазон на рекордно високо ниво

by Журнал.мк

Околу 360 квадратни километри прашума во бразилскиот Амазон се уништени само во јануари годинава.

Ова е најголемата бројка регистрирана за јануари од 2015 година, соопшти Националниот институт за вселенски истражувања (Инпе).

Инпе користи сателитски снимки за своја анализа, користејќи брзо истражување за да ги испита промените во шумата во реално време.

Според тоа, бројките на Инпе можат да покажат како може да се развие официјалната стапка на уништување на шумите во однос на дадена година. Годишната стапка е за периодот од август до јули.

На климатската конференција на ОН ЦОП26, бразилската Влада објави дека ќе стави крај на нелегалното уништување на шумите во Амазонската прашума до 2028 година.

Експертите стравуваат дека најновите податоци би можеле да укажат на зголемен ризик од уште една катастрофална година за Амазон.

Помеѓу август 2020 година и јули 2021 година, околу 13.235 квадратни километри се обесшумени во регионот, според Инпе.

Ова е зголемување од 22 отсто во однос на претходната година и најголема површина на уништени шуми од 2008 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk