Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија Петер Сијарто денеска изјави дека Будимпешта нема да го поддржи членството на Косово во Советот на Европа.
Сијарто, одговарајќи на прашањето на Танјуг, рече дека ставот на Унгарија во однос на членството на Косово во Советот на Европа и претходно беше јасно дека оваа земја сака да има мир, стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан.
„Ние навиваме за успех на дијалогот меѓу Белград и Приштина, но сметаме дека фактот што Косово аплицира за членство во меѓународните организации не придонесува за тој дијалог. „Унгарија нема да го поддржи приемот на Косово во Советот на Европа“, рече Сијарто.
Сијарто денеска во Будимпешта се сретна со министерката за економија на Србија, Адријана Месаровиќ, со која разговараше за унапредување на економската соработка меѓу Србија и Унгарија.