Home » Унгарија ќе признава само два пола, машки и женски, еве кои се другите претходни ограничувања

Унгарија ќе признава само два пола, машки и женски, еве кои се другите претходни ограничувања

by Журнал.мк

Уставен амандман со кој ќе се признаваат само два пола, машки и женски, и со кој се ограничува правото на ЛГБТК+. Ова денеска го изгласаа унгарските пратеници, со големо мнозинство гласови.

А, ова меѓу другото, може да значи и дека по 30 години може да биде забранет Маршот на гордоста во Будимпешта.

Членови и симпатизери на опозициската партија Моментум се обидоа да го попречат гласањето со блокирање на собранискиот паркинг и свирење за време на пленарната седница. Амандманот помина со 140 „за“ и 21 „против“.

Од доаѓањето на власт во 2010 година владата на Орбан ги забрани геј браковите, сериозно ја ограничи можноста ЛГБТК+ луѓето да посвојуваат деца и се обиде да ја изедначи хомосексуалноста со педофилија.
Амандманот исто така го гарантира правото за користење готовина на унгарските граѓани и дозволува суспензија на државјанството и протерување од земјата на Унгарците кои истовремено се државјани на земја надвор од ЕУ, доколку се смета дека тие личности претставуваат закана за јавниот ред и националната безбедност на земјата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk