Мониторинг мисија на УНЕСКО доаѓа овој месец да изврши увид во Охридскиот регион, да види колку од дадените препораки се исполнети.
Една од најважните е справувањето со дивоградбите, за кои според екологистите и граѓанските активисти ништо не е преземено.
Остануваат на ставот дека се зголемува бројот на градби без дозвола.
Реагира и Охрид SOS, кој нагласува дека крајбрежјето е под зголемен притисок на узурпација и уништување, а институциите молчат.
Активистите стануваат се погласни и велат дека ниту една од 12-те препораки не е исполнета.
Експертите на УНЕСКО по увид на состојбата ќе треба да одлучат дали Охридскиот регион ќе се најде на листата на загрозено светско наследство.