Home » Улогата на парламентите неопходна за вреднувањето на ревизорските извештаи

Улогата на парламентите неопходна за вреднувањето на ревизорските извештаи

by Журнал.мк

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, денеска во својот кабинет оствари работна средба со главниот државен ревизор Максим Ацевски; заменикот на држаниот ревизор, Орхан Адеми; претседателот на Сенатот на Врховната ревизорска институција на Црна Гора, Никола Н. Ковачевиќ и членот на Сенатот на Врховната ревизорска институција на Црна Гора, Бранислав Радуловиќ.

Потпретседателот Милошоски со гостите ја сподели успешноста на соработката на Собранието со Државниот завод за ревизија. Притоа, истакна дека со потпишувањето на Меморандумот за соработка на Собранието со Државниот завод за ревизија, се овозможи конечните ревизорски извештаи да бидат предмет на разгледување во законодавниот дом. Со тоа, од една страна се зголемува притисокот врз институциите да го коригираат своето работење, а од друга страна се зајакнува независноста на Државниот завод за ревизија.

Од друга страна, Ковачевиќ, како прв човек на Сенатот, говореше за структурата и работата на Врховната ревизорска институција на Црна Гора, но и за соработката со Парламентот на Црна Гора.
Соговорниците се согласија за неопходноста од независни и силни ревизорски институции.

Широка е лепезата на активности кои можат да бидат предмет на ревизорски извештаи, но за нивната вредност да може да биде апсорбирана од јавноста, неопходна е улогата на парламентите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk