Home » Украс во Белград падна врз тролејбус: Новогодишните украси закана за безбедноста на граѓаните во Србија

Украс во Белград падна врз тролејбус: Новогодишните украси закана за безбедноста на граѓаните во Србија

by Журнал.мк

Украс во Белград падна врз тролејбус. Новогодишните украси станаа закана за безбедноста на граѓаните во Србија, а оваа тематика отвори нови критики. Граѓаните здруженија во Србија обвинуваат дека новогодишни украси од српската локална самоуправа се купени на наместен тендер.

Новогодишното украсување во соседството отвори многу нови дилеми. Украс во Белград падна врз тролејбус и тоа ја разбуди српската јавност.

Новогодишните светилки се откачиле во вторник наутро во близина на зградата на Владата на Србија, на улицата Кнежа Милош и паднале на тролејбус. За среќа нема повредени, но се поставува прашањето колку е безбедно новогодишното украсување во Белград и дали луѓето треба да се плашат дека нешто ќе им падне на глава додека се шетаат по улиците.

За соговорниците на Данас ова е уште еден доказ дека градот не функционира, поради наместени тендери, ненамерно трошење пари и непрофесионални луѓе на чело на комуналните претпријатија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk