Home » Украинска манекенка (20) се бори за живот откако била злоставувана на забава со шеици: Семејството се сомнева на трговија со луѓе

Украинска манекенка (20) се бори за живот откако била злоставувана на забава со шеици: Семејството се сомнева на трговија со луѓе

by Журнал.мк

Украинка, модел на мрежата за споделување приватни снимки „OnlyFans“, е во критична состојба и се бори за живот откако била пронајдена покрај пат во Дубаи, со тешки скршеници на ‘рбетот, рацете и нозете, објавија дел од светските медиуми.

Марија Ковалчук ​​(20) не може да зборува, а нејзиното семејство стравува дека таа била жртва на брутален систем на експлоатација.

Марија била исчезната осум дена, откако им кажала на пријателите дека била поканета на забава во хотел во Дубаи.

Локалните медиуми јавуваат дека нејзините роднини се загрижени дека таа можеби била сексуална робинка и била силувана неколку дена, пред да биде оставена покрај патот.

Се сомнева дека таа присуствувала на забава со „непознати шеици“ – настани на кои „гости“ се популарни жени од поранешните советски држави.

Се верува дека ова бил собир на кој присуствувале инфлуенсерки на кои им биле исплаќани огромни суми пари за да вршат незамисливи работи.

Тие често се изложени на екстремни и понижувачки малтретирања на забавите и ги исполнуваат ужасните желби на многу богатите мажи.

Марија се бори за живот во болница и досега имала четири операции, пишуваат британските таблоиди.

Пријателите и семејството започнале потрага по Марија, која по потекло е од Лавов, а потоа ја нашле во болница.

На забавата, која се одржа на 9 март, таа наводно била со двајца мажи кои тврделе дека се претставници на манекенскиот бизнис, пишува украински Телеграф.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk