Во Украина почнаа да се регрутираат резервни војници на возраст од 18-60 години.
Украинските вооружени сили дадоа изјава за состојбата на резервните војници по тензиите со Русија.
Според тоа, резервисти на возраст од 18 до 60 години почнаа да се регрутираат во согласност со декретот потпишан од претседателот на Украина, Владимир Зеленски.
Службениот рок на дотичните војници ќе биде најмногу 1 година.
Зеленски во вчерашната изјава наведе дека нема ситуација за мобилизација.