Home » Украина објави дека спречила бегство на 49.000 регрути од почетокот на војната

Украина објави дека спречила бегство на 49.000 регрути од почетокот на војната

by Журнал.мк

Украинските гранични сили во средата објавија дека спречиле околу 49.000 лица опфатени со регрутацијата да избегаат од земјата, што е малку повеќе од поливината од силите со кои Русија ја започна инвазијата пред повеќе од три години.

Околу 45.000 беа приведени директно на таканаречената зелена граница, на неофицијален премин или за време на проверки во граничните области, изјави портпаролот на Државната гранична служба Андриј Демченко во онлајн емисија. Другите мажи биле запрени на граничните премини.

Вкупно биле откриени речиси 900 групи чие бегство било организирано од украински криумчари на луѓе. Според Демченко, оние кои сакаат да избегаат плаќаат од 4.500 евра до речиси 11.000 евра за помош при напуштање на земјата.

Притоа во изјавата на Демченко не се наведува податокот кому се плаќаат тие средства, ниту се споменуваат бројните случаи на корупција во регрутните центри за кои редовно известиваат украинските медиуми. Исто така, изостануваат информации за кои возрасни групи станува збор.

Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, во земјата е воведена воена состојба и е издадена наредба за мобилизација. Поради големиот недостиг на жива сила на фронтот, според последните законски измени од минатата година, мажите на возраст за регрутација меѓу 18 и 60 години кои подлежат на мобилизација, без разлика дали служеле во вооружените сили, можат да ја напуштат земјата само со дозвола од локалната канцеларија за одбрана. Истото се однесува и на студентите кои се школуваат во странство, кои исто така се воени обврзници според законот.

И покрај ова, повеќе од 800.000 украински мажи на возраст за регрутација добија статус на заштита во земјите-членки на ЕУ откако ја напуштија Украина.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk