Home » : Украина истрела британски ракети „Олуја сенка“ кон руска територија

: Украина истрела британски ракети „Олуја сенка“ кон руска територија

by Журнал.мк

Украина за првпат истрела ракети „Олуја сенка“ од британско производство кон Русија, објавија повеќе британски медиуми, пренесува Анадолу.

Нападот доаѓа еден ден по првото украинско користење на американските ракети со долг дострел ATACMS врз руска територија, по давањето зелено светло од страна на американскиот претседател Џо Бајден.

Весникот „Гардијан“ претходно оваа недела објави дека Велика Британија наскоро ќе одобри употреба на ракетите „Олуја сенка“ за напад на цели на руска територија.

Претходно, британскиот премиер Кир Стармер рече дека меѓународната заедница мора да ја „удвои“ поддршката за Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша декрет за одобрување на ревидираната нуклеарна доктрина на Русија, речиси два месеци откако тој ги предложи промените.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk