Home » Укината забраната, водата безбедна за пиење

Укината забраната, водата безбедна за пиење

by Журнал.мк

Водата во Куманово е безбедна за пиење, покажале физичко-хемиските и бактериолошки параметри. Укината е забраната и таа може да се консумира, потврди Агенцијата за храна и ветеринарство, откако ги доби резултатите од Центарот за јавно здравје. Согласно програмата, центарот продолжува водата од филтер станицата да ја проверува еднаш неделно. Заматената вода во липковската брана појаснуваат се јави по големото невреме.

„Водата влегува во слоевите на почвата и се измешала со почвата и доби таква боја. На 22-ри ни се јавија од водовод ние истиот ден зедовме примерок, и се потврди матност со поголеми вредности“, истакна спец. д-р Блерта Шахини Азизи.

Со брзата интервенција на вработените во Филтер станицата, се спречи заматената вода да навлезе во градскиот водовод. Голем дел од градот остана и без водоснабдување. На кумановци шест дена им беше забрането да пијат вода.

„Ваков случај имало прв пат во 2000 година тогаш требаше многу поголеми зафати затоа што целата акумулација беше многу позаматена отколку сега. Тогаш делумно беше испуштена самата акумулација на местото горе таму за да се доведе некоја вода која ќе може да се преработи“, изјави Тони Јовчевски, раководител на Филтер станица Куманово.

Но за разлика од 2000-та кога целиот град остана без вода бидејќи ги немаше алтернативните извори, изминативе денови водоснабдување немаа само високите зони.

Состојбата со водоснабдување во Куманово предизвика проблеми и во кумановската болница. Операциите се откажуваа, а итните случаи се праќаа на клиниките во Скопје.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More