Home » УЕФА ги ограничи цените на билетите за гостинските навивачи во европските купови

УЕФА ги ограничи цените на билетите за гостинските навивачи во европските купови

by Lina Muslija

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги ограничи цените на билетите за гостинските навивачи во сите натпреварувања кои се под нејзина капа или поточно Лигата на шампиони, Лига Европа и Конференциската лига.

УЕФА објави дека највисоката цена на билети за ЛШ ќе биде 60 евра, за Лига Европа 40, додека за третото по ранг натпреварување 20 евра.

– Ја продолжуваме нашата мисија да го одржуваме фудбалот како инклузивен спорт, каде што навивачите кои патуваат во Европа се препознаваат и ценат, – вели првиот човек Александер Чеферин.

Во кампањата 2025/2026 ќе има ново намалување, па „плафонот“ ќе биде 50 за елитниот ранг, 35 за Лига Европа, додека цената ќе остане непроменета за Конференциската лига.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More