Home » Учество на пратениците Попов, Муса и Николовски на 10. Глобална Конференција за млади парламентарци во Ереван

Учество на пратениците Попов, Муса и Николовски на 10. Глобална Конференција за млади парламентарци во Ереван

by Журнал.мк

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во чиј состав се Сергеј Попов, Мимоза Муса и Љупчо Николовски, учествуваат на 10. глобална Конференција за млади парламентарци, што се одржува од 12 до 14 септември во Ереван, Ерменија.

Темата на оваа годишна конференција “Избегнување на изгубени генерации: Зачувување на образованието и вработувањето во сите околности“ е фокусирана на решенија за обезбедување континуиран пристап до образование и можности за работа за сите млади луѓе.
Конференцијата создава широки можности за блиска комуникација и размена на искуства. Покрај парламентарната рамка, вклучени се претставници на влада и на граѓанското општество.

Учесниците се осврнаа на тековните кризи во светот, кои имаат негативно влијание врз младите, особено во однос на остварувањето на правото на нивно вработување и образование. Целта на Конференцијата е да им даде можности на младите без разлика на околностите.

Воведни зборови на Конференцијата имаа премиерот Никол Пашинјан, претседателот на Народното Собрание на Република Ерменија, Ален Симонјан, претседателката на Интерпарламентарната унија Тулија Аксон и генералниот секретар на Интерпарламентарната унија Мартин Чунгонг.

Во своето обраќање на темата „Резервирање на зајакнување на младите во време на криза: Што можат да направат младите пратеници?“, Сергеј Попов рече дека, иако се соочуваме со предизвици без преседан, нашата посветеност на зајакнувањето на младите никогаш не била поклучна. Како пратеници, ние стоиме на чело на оваа одговорност. Во овие турбулентни времиња, ние поседуваме единствена перспектива и суштинска улога во обликувањето на иднината на нашата нација.

Според него, прво и основно, пратениците мора да ги следат проблемите и предизвиците а младите и да обезбедат дијалог со нив, бидејќи гласовите на нашата младост се ехо на утрешните аспирации.

Исто така, Сергеј Попов рече дека треба да се поттикнат иновациите и креативноста и ние мора да се залагаме за образование и развој на вештини.
Како заклучок, Попов наведе дека како млади пратеници, имаме моќ и одговорност да ја браниме каузата за зајакнување на младите. Со слушање, поттикнување иновации, инвестирање во образованието и водење со интегритет, можеме да направиме важна разлика.

Работатата се одвиваше во сесии, на кои беа разгледани следните теми: Одбројување до 2030 година: Каде сме со младинското образование и вработување?; Нарушени животи на младите: Влијанието на кризата врз социо-економските права и зајакнувањето на младите; Како правата на младите се под влијание на кризата во мојата земја?; Не оставајќи никого зад себе: Обезбедување образование и вработување на најранливите и нај маргинализираните; Резервирање на зајакнување на младите во време на криза: Што можат да направат младите пратеници?“

Во текот на работата беше одржана и т.н. неконференција на која младите парламентарци, во рамките на генералната тема за образованието и вработувањето на младите во времето на кризи, расправаа за искористување на резултатите од образованието за подобрување на вработеноста и националниот развој за идните генерации и за глобална солидарност во криза: Заштита на образованието во конфликтните зони.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk