Home » Учесничка на „Американски идол“ ќе ја претставува Грузија на Евровизија 2024

Учесничка на „Американски идол“ ќе ја претставува Грузија на Евровизија 2024

by Журнал

Нуца Бузаладзе е грузиската пејачка која успеа да стигне до топ 12 на „Американскиот идол“ минатиот јануари, каде заедно со Кајли Миног го изведе нејзиниот хит „Can’t get you out of my head“.

А сега Нуца Бузаладзе повторно оди на глобално ниво – овој пат на Изборот за песна на Евровизија 2024 година.

Нуца Бузаладзе ќе ја претставува Грузија на 68. издание на „Евровизија“ во Малме, Шведска.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Инаку, поупатените евровизиски обожаватели знаат дека Нуца во 2017 година заврши на второто место на националното финале на Грузија со својата песна „White Horses Run“. Таа во истото натпреварување го победи идниот евровизиски учесник Ото Немсадзе.

Бузаладзе изминативе години живеела и во Лос Анџелес и во Дубаи, но, Грузија ја нарекува дом.

Песната со која ќе ја претставува Грузија во мај, ќе може да се слушне во наредните недели.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More