“25.000 евра малолетно девојче од основно училиште во околината на Бит Пазар ги, земала од дома, само за да им ги даде на своите врсници од училиштето, за да не го тепаат нејзиниот брат кој имал здравствени проблеми” – Зекирија Хаџиу – Новинар.
Случајот е пријавен во полиција. Според соопштението на МВР, случајот во полиција го пријавил таткото на девојчето. Сакајќи да го заштити својот помлад брат, девојчето постојано земала пари од дома. Полицијата не соопшти во кое училиште се случил настанот. Некои од анкетираните граѓани велат дека е потребна поголема родителска контрола, додека други велат дека училиштата не се доволно безбедни.
Кај родителите повеќе отколку во училиштето се е во ред.
Што треба да се преземе?
Сите родители треба да видат каде и како се испраќаат, што прават во училиште. Не е само туку така прати го. Го праќаш на училиште, и не знаеш каде е после.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека работи на целосно расчистување на случајот. Малтретирањето меѓу врсниците на училиште не е невообичаена појава.