Home » Убиството на младата Фросина го вклучи алармот: Итно се бараат решенија за поголема безбедност

Убиството на младата Фросина го вклучи алармот: Итно се бараат решенија за поголема безбедност

by Журнал.мк

Поголем број на патни ознаки, почеста патна сигнализација, но и осветлување на пешачките прмини во вечерните часови предлагаат експетите. Според нив оваа проблематика е стара рана која подолго време го мачи главниот град. Според сообраќајниот инженер Игор Митревски потребно е да се следат европските примери каде има поголема фрекфенција на возила и пешаци, но помал број на жртви.

,,Недоставуваат одредени обележувања на патната инфраструктура за што се говори со години, така што на одредени места самите пешачки зони недоволно се обележани. Конкретно во Скопје надлежноста ја имаат Јавното Претпријатие Улици и патишта,, изјави Игор Митревски.

Реакцијата на експертите доаѓа по последната несреќа на една од црните точки во главнит град, Булеварот Партизански одреди каде поради неконтролираната брзина животот го загуби младата Фросина Кулакова. Митревски смета дека овој случај не е изолиран бидејќи тука низ минатото голем број на пешаци го загубиле животот или имале повреди кои предизвикале траен инвалидитет. За него неодржливоста на подеземните и единствениот надземен пешачки премин Влајко во Влае се показател за лошата патна и пешачка инфраструктура во главниот град.

Големиот број на прегазени пешаци и летаргичноста на минатата власт за која бројот на жртви беше само статистика, го вклучи алармот кај владејачкото мнозинство. На седницата на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди е предложена расправа за измени во законот за безбедност во сообраќајот која ќе се одржи на собраниска седница во петок. Еден од предлагачите, пратеникот Бобан Карапејовски од ЗНАМ потврди дека во расправата ќе бидат вклучени експерти, надлежни министерства и други релевантни фактори кои ќе имаат директен допринос во измените на законот кој според него е застарен и мора да биде подлегнат на измени.

,,Целата поента е да се направи таа анализа, да се слушнат од една страна државните органи, но од друга страна стручната јавност и што имаат тие да кажат што ние како собрание треба да направиме, а тоа е во делот на законодавството и во делот на легислативата за да имаме подобри закони за да се превенира од една страна, а од друга доколку има такви случаи да се добијат соодветни казни. Така што не можам ништо конкретно да ви кажам дали за тоа што ќе излезе од собраниската седница,, изјави Карапејовски.

Опозицијата најави активно вклучување во расправата, потврди претседателот на опозициската СДСМ која бара заострување на казните за тешки дела во сообраќајот, и присуствто на полиција пред и во секое училиште.

Одговор за состојбата на сообраќајниците во Скопје побаравме и од градската управа. Но од Градот до објавување на овој прилог до редакцијата на Алфа не пристигна одговор, а со самото тоа останува неодговорено до кога главниот град ќе биде црна точка за пешаците кои ги преминуваат улиците.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk