Малолетник со потекло од Србија е убиен во Трст, јавуваат локалните медиуми.
Мотивот, како што пишуваат италијанските медиуми, е девојка во која биле вљубени и малолетниот Р.Т. и осомничениот убиец.
Италијанската полиција уапсила 21-годишник.
Истражните органи се сомневаат дека 21-годишникот го задавил малолетникот во близина на железничката станица во Трст, а мотивот е девојка, во која биле вљубени двајцата.