Ацо Мартиновиќ уби десет лица во масакрот во Цетиње, меѓу кои и две деца на возраст од 10 и 13 години.
„По вербална расправија со луѓето со кои го поминал цел ден, Мартиновиќ влегол во конфликт со друго лице. Потоа отишол дома, земал оружје, се вратил и го извршил делото. После тоа се оддалечил, а познато е дека убиствата ги извршил на три различни локации“, изјави директорот на црногорската полиција.
Полицискиот директор изјави и дека ова е втора трагедија што го погодува Цетиње во последните три години. Тој потврди дека меѓу загинатите има и две деца, додека четири лица се повредени.
Според полицијата, осомничениот бил облечен во темна облека и црна јакна.