Три лица се убиени во пукотница што се случи попладнево во градот Упсала во близина на Стокхолм, потврди шведската полиција. Инцидентот, според полициски извори, се истражува како убиство.
Полицијата соопшти дека примиле повици од граѓани кои пријавиле силно пукање во центарот на Упсала. Областа веднаш беше опколена и затворена од полициски сили додека започна истрага.
Засега нема информации за мотивот, ниту за осомничен сторител. Шведската телевизија СВТ објави дека сторителот побегнал од местото на злосторството со електричен скутер.