Џонатан Џос, актер познат по улогата на Џон Редкорн во анимираната серија “Кралот на ридот” (King of the Hill), трагично почина на 1 јуни во Сан Антонио, Тексас, на 59-годишна возраст.
Според информациите од полицијата, Џос бил убиен за време на расправија со соседот Сигфред Алварез Сеја, кој по инцидентот избегал од местото на настанот, но набргу бил уапсен и обвинет за убиство.
Џос беше познат и по улогите во сериите „Parks and Recreation“ како Кен Хотејт, „Ray Donovan“, „Tulsa King“, како и во филмовите „True Grit“ (Вистинска храброст) и „The Magnificent Seven“ (Величествената седморка).
Неодамна требаше повторно да му го позајми гласот на Џон Редкорн во претстојното продолжение на серијата на Хулу, чија премиера беше закажана за август 2025 година.
Џос беше со потекло од Сан Антонио и имаше команчко и апачко племенско потекло. Починал во својот дом, кој претходно беше уништен во пожар во јануари 2025 година, кога ги загуби своите три кучиња.
Овој трагичен настан длабоко ја потресе заедницата, а Џонатан Џос ќе остане запаметен по својот придонес во индустријата за забава и како инспирација за многумина, пренесува Б92.