Девет години по убиството на 26-годишниот Димитар Матилоски од Охрид, убиецот-српскиот турист Бојан Угреновиќ од Краљево е на слобода.
Мајката на момчето кое беше претепано на смрт, пред кафуле на новогодишната ноќ 2016-та година, сè уште чека правда. Таа, обвинува за низа пропусти во судскиот процес, поради што измина законскиот рок за притвор, па така убиецот осуден на 16 години затвор исчезна.
„Замислете како една мајка се чувствува како и после девет години е да не е пронајден убиецот на нејзиниот син. Барам од државата да го пронајде убиецот Бојан Угреновиќ. Да се преиспитаат сите кои учествуваа и кој го пуштија убиецот на слобода, вели Драгица Матилоска, мајка на убиениот Димитар Матилоски.
Со скршено срце и неизмерна тага, пензионираната учителка ја подготви петтата книга „Мојот живот после изгубен живот“, вели додека е жива не се откажува од правдата.
„Оваа моја петта книга ја посветувам на другарите на Димитар Матилоски, кои отидоа во Белград да го поддржуваат Јован Пеплко кој успеа по белградските улици со ликот на маицата на мојот син да го истрча белградскиот маратон, додава Матилоска.
Димитар Матилоски беше претепан на смрт на Новогодишната прослава во Охрид во 2016 година, убиецот во јули 2017 година беше пуштен да се брани од слобода, од тогаш е недостапен за органите на прогонот.