Home » Убавините и чистиот воздух во селата под Пелистер ја качуваат цената на недвижностите

Убавините и чистиот воздух во селата под Пелистер ја качуваат цената на недвижностите

by Журнал.мк

Убавините и чистиот воздух во селата под Пелистер ја качуваат цената на недвижностите, но и интересот на жителите од градот да купат имот. Празни куќи има, неурбанизацијата е голем недостаток поради кој младите си заминуваат во странство. Мештаните бараат сериозна поддршка од локалните власти.

Шесто колено по ред Неџип Сефедини од село Трново со своето семејство ја негува традицијата за живот во потпелистерието. Неговите деца да живеат во здрава животна средина е клучната одлука да остане во рурална средина. Но, во селото се потребни итни промени за да не заминат сите млади.

На Пеце Пановски, староседелец во селото децата одамна се иселиле. Причината е неурбанизацијата.

Седумдесет проценти од младите заминале во Европските и во прекуокеанските земји. Но, добро е што во селото сè уште има деца.

Убавината на потпелистерскиот појас ги крева цените на недвижнините. Но, неурбанизмот е голем недостаток, посочува професор Вилос, градежен инженер.

Во селата Трново и во Магарево живеат околу триста жители.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk