На неколку локации низ Србија, шест лица на возраст меѓу 47 и 57 години беа лишени од слобода поради сомневање дека организирале активности кои го загрозуваат уставниот поредок и безбедноста на државата. Меѓу притворените има и поранешни воени учесници од конфликтите во Словенија, Хрватска и Косово.
“Според официјалната информација на српските власти, се верува дека на 21 јуни осомничените се сретнале во хотел во Краљево за да планираат насилно менување на власта, као и напади врз државни институции, медиумски куќи и физички напади врз полициски службеници со цел нивно разоружување. Постојат најави дека можело да биде употребено и огнено оружје.“
Едно лице дополнително ќе се соочи со кривична пријава за незаконско производство, поседување и тргување со огнено оружје и експлозивни направи.
Сите осомничени добија мерка притвор во траење од 48 часа, а дел од нив денеска би требало да бидат изведени пред надлежните органи.