Home » Уапсени седум возачи во Тетово, дозволено 110, а возеле до 193 километри на час

Уапсени седум возачи во Тетово, дозволено 110, а возеле до 193 километри на час

by Журнал.мк

На 13.04.2025 полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Гостивар при СВР Тетово извршиле контрола за пречекорување на максималната дозволена брзина на движење, при што биле констатирани 128 прекршоци (ТЕ-67 и ГВ-61). За време на контролата по член 297А – безобѕирно управување на моторно возило од слобода биле лишени седум лица (ТЕ-5 и ГВ-2).

-На автопатот Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, од слобода бил лишен М.Б.(47) од с.Челопек, тетовско, затоа што управувал патничко возило „ровер” со швајцарски национални ознаки со брзина од 178 км/час на место каде што дозволената брзина е 100км/час. На истото место од слобода била лишена Р.А.(42) од Тетово, која управувала патничко возило „пежо” со тетовски регистарски таблички со брзина од 172 км/час. Исто така, кај наплатната станица Желино од слобода бил лишен А.А.(33) од с.Раковец, затоа што управувал патничко возило „ауди” со тетовски регистарски таблички со брзина од 193 км/час, велат од МВР и додаваат:

-На автопатот Скопје-Тетово, кај местото „Студена вода” од слобода бил лишен В.З.(24) од с.Желино, тетовско, затоа што управувал патничко возило „ауди” со тетовски регистарски ознаки со брзина од 179 км/час на место каде што дозволената брзина е 100 км/час и С.Ш.(30) од Тетово затоа што управувал патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки со брзина од 177 км/час. Додека, на патот Тетово-Гостивар, кај наплатна станица Гостивар, од слобода бил лишен А.М.(42) од Скопје затоа што управувал патничко возило ,,бмв” со скопски регистарски ознаки со брзина од 171 км/час на место каде што е дозволено 80 км/час и Н.Б.(54) од Охрид затоа што управувал патничко возило „фолксваген пасат” со охридски регистарски таблички со брзина од 165 км/час. Лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297а од Кривичниот законик, се вели во соопштението од МВР.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk