МВР објави дека е уапсен полициски службеник од Гостивар, кој украл 25.000 евра во пари и злато вредно 50.000 евра, при тоа запленети при извршени претходни претреси, а кои требало да ги чува во шкаф во полициската станица.
Приведен е и златар кој му го откупил златниот накит во вредност од 50.000 евра.
– На 03.07.2025 во 17.50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода полицискиот службеник Д.С.(51) од Гостивар, поради основи на сомневање дека сторил кривично дело казниво по член 353 и 354 ,,злоупотреба на службената положба и овластување“ од КЗ.
Тој, од шкафот во полициската станица, каде чувал предмети одземени при претреси на кои присуствувал како вработен во крим-техника во ПС Гостивар, украл околу 25.000 евра и златен накит вреден околу 50.000 евра.
Исто така, во 20.30 часот на улица ,,18-ти Ноември“ во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода И.Ш.(32) од Гостивар, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело ,,прикривање“ односно вршел откуп на украдениот златен накит, соопшти полицијата.
По добиена судска наредба, биле извршени претреси во домови и помошни простории на Д.С. и И.Ш., при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичните дела. Двајцата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.
Уапсени полицаец и златар, кој му откупил запленет златен накит од 50.000 евра
62
previous post