Home » Уапсени четири лица поради упад во имотот на британскиот премиер

Уапсени четири лица поради упад во имотот на британскиот премиер

by Журнал.мк

Четири лица се уапсени под сомнение за тешка кражба во домот на премиерот Риши Сунак во северна Англија, соопшти локалната полиција.

„Попладнево уапсивме четири лица на имотот на премиерот. Нашите полицајци дојдоа до кај четворицата веднаш откако влегоа во имотот“, се вели во полициското соопштение.

Групата Youth Demand на платформата X објави видеа од маж кој влегува во езеро на имотот на Сунак и врши нужда, како што наведе, во протест против владата на Сунак.

Youth Demand сака да го запре издавањето на нови дозволи за нафта и гас и исто така повикува на ембарго за оружје на Израел.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More