Home » Уапсена главната инспекторка во Куманово – фатена со мито од 4 илјади евра

Уапсена главната инспекторка во Куманово – фатена со мито од 4 илјади евра

by Журнал.мк

Пред малку како што дознава Инфомакс од свои извори е уапсена главната инспекторка во општина Куманово.

Имено се работи за Лидија Трајковска која е нов раководител на Сектор за инспекциски надзор во Куманово од неодамна.

Довербата и ја даде градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски кој ја постави на оваа позиција на 19.02 годинава.

Како што дознаваме таа е уапсена како зема мито во висина од 4 илјади евра, а според нашите информации веќе подолго време била по ПИ – мерки кои документирале како таа ја злоупотребува својата службена положба.

Инаку во нејзиниот мандат против Трајковска се поднесени веќе 5 кривични пријави од кои најголем дел од нив се за рекет.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk