Лишено од слобода разбојник од Скопје, кој признал две разбојништва во филијали за брзи кредити.
Како што информираат од МВР, вчера (26.10.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(25) од Скопје.
Тој се сомничи дека годинава на 15.08. и 18.08. извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР Центар и Бит Пазар, односно дека со закана со пиштол одзел пари.
Лицето било задржано во полициска станица, а во службен разговор ги признал делата.
Во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор од 30 дена, информираат од МВР.






