Home » Уапсен e таткото кој и договори брак на својата 15-годишна ќерка за 9.000 евра

Уапсен e таткото кој и договори брак на својата 15-годишна ќерка за 9.000 евра

by Журнал.мк

Полицијата во Беранe (Црна Гора) го уапси М.И.(41) од истиот град, кој се обиде да ја однесе својата 15-годишна ќерка во Босна и Херцеговина, за да ја предаде на друга жена од Германија, со која се договори да ја ожени за сума од 9.000 евра.

Во Беране, полициски службеници извршија проверка на автомобил марка „шаран“, управуван од М.И.(41) од Беране, со неговата 15-годишна малолетна ќерка во возилото, која била видно вознемирена.

При преглед на возилото пронајдени и одземени се полномошно – дозвола за патување во странство од двајцата родители на малолетникот, пасош и лична карта на малолетникот, пари во износ од 1.870 евра, гардероба и лични предмети како и традиционална ромска носија за млади.

„По добиените сознанија од повеќе лица и спроведената кривична истрага, постои основано сомнение дека М.И. претходно склучил брак на својата малолетна ќерка, за сума од 9.000 евра, по што во договореното време требало да ја однесе на територијата на Босна и Херцеговина и да ја предаде на идниот свекор во Германија, кој ќе ја одведе кај неговиот син“ – се вели во полициското соопштение.

На иницијатива на полициски службеник девојчето во соработка со службениците од Центарот за социјална работа е пренесено на безбедно место.

„За настанот е известен обвинителот при Вишото државно обвинителство во Бијело Поље, по чија наредба е лишен од слобода М.И. со кривична пријава поради сомнение дека сторил кривично дело трговија со луѓе на штета на неговата малолетна ќерка“ – се вели во соопштението.

За кривичното дело трговија со луѓе, Кривичниот законик на Црна Гора пропишува затворска казна од најмалку 3 до максимални 15 години, имајќи предвид дека штетата причинета на малолетно лице е посериозна форма на ова кривично дело.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk