Home » Уапсен 27-годишник кој предизвикал пожар во битолско

Уапсен 27-годишник кој предизвикал пожар во битолско

by Журнал.мк

Вчера во 19.20 часот во село Кременица, битолско, полициски службеници од Полициското одделение Велушина при СВР Битола го лишиле од слобода И.Т.(27) од с.Кременица. Тој бил затекнат како пали оган во близина на фабрика за вода, при што настанал пожар на сува трева.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. При преглед кај И.Т. била пронајдена запалка со која го предизвикал пожарот. И.Т. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава, информираа денеска од полицијата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More