Home » УЈП со предупредување за должниците: „Платете го долгот за октомври за да не бидете блокирани“

УЈП со предупредување за должниците: „Платете го долгот за октомври за да не бидете блокирани“

by Журнал.мк

Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници кои не го платиле долгот по основ на ДДВ за октомври да го сторат тоа во најкраток можен рок, за да не се соочат со мерки на опомена и блокирање на трансакциските сметки.

Според обработката на ДДВ пријавите, вкупниот износ на ДДВ долгот за октомври изнесува 2,99 милијарди денари, пријавени од страна на 3.949 даночни обврзници.

– Согласно анализата, останатите 1. 198 даночни обврзници кои не ја исполниле својата обврска, ги повикуваме да ја платат својата даночна обврска без одложување со вкупен износ од 758,6 милиони денари. За секој ден задоцнето плаќање, согласно законот ќе се пресметува камата од 0,03 проценти од преостанатиот долг. Даночните обврзници кои и по овој повик нема да ја уплатат својата обврска по основ на ДДВ, од 3 декември преку порака ќе добијат опомена, ако и по таа мерка не го платат долгот, веќе од 23 декември ќе се започне и со мерки за блокирање на нивните трансакциски сметки, велат од УЈП.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk