Home » УЈП: Пад на прометот за 22,12% во четвртокот и петокот кај осумте поголеми ланци на маркети во земјава

УЈП: Пад на прометот за 22,12% во четвртокот и петокот кај осумте поголеми ланци на маркети во земјава

by Журнал.мк

Во четвртокот на 6 февруари до полноќ во GPRS системот на Управата за јавни приходи (УЈП) е регистриран вкупен промет во износ од 232.791.773 денари, а издадени се 417.866 фискални сметки, додека во петокот на 7 февруари до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 181.288.348 денари а издадени се 346.317 фискални сметки. Овие два дена кај осумте поголеми ланци на маркети во земјава, како што соопштуваат од УЈП, е забележан пад на вкупниот промет за 22,12%.

Втор петок граѓаните се организираа да ги бојкотираат маркетите поради високите цени на прехранбените производи.

-Во петок, 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП беше регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари. Во петок 07.02.2025 година остварен е за 36,95% поголем промет во однос на претходниот петок 31.01.2025 година. При споредбата на регистрираниот промет на крајот на месецот односно деновите 31.01 и петок 07.02.2025 година треба да се имаат предвид различните фактори кои можат да влијаат на потрошувачките навики. Еден од тие фактори е тоа што голем дел од граѓаните примаат плата и пензии на почеток од месецот, што создава и промени во нивното потрошувачко однесување, посочуваат од Управата за јавни приходи.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk