Home » Twitter тестира можност за заедничка објава од двајца корисници

Twitter тестира можност за заедничка објава од двајца корисници

by Журнал.мк

Twitter започна со тестирање на нова можност за објавување на една објава од два автори, односно од двајца корисници на мрежата. Можноста е наречена CoTweet и моментално се тестира на ограничен број на сметки во САД, Канада и Кореа.

CoTweet функционира едноставно како што кажува и самото име. Корисниците ќе можат да започнат со објавување на Tweet, по што наместо да го објават, ќе поканат друг корисник да биде ко-автор на објавата.

Потоа, оваа објава ќе биде прикажана на профилите на двата корисници, каде што ќе бидат и назначени како автори на истата.

Објавата со уште еден корисник може да се направи само доколку тој корисник ве следи и има јавен профил.

Со ова станува јасно за кого е наменета оваа нова можност, а во главно не е за обичните корисници. CoTweet повеќе ќе им користи на брендовите кои објавуваат нешто во соработка со уште некој, па наместо да објават посебно иста објава, сега ќе може тоа да го направат „партнерски“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More