Home » Твитер ‘гори’ по објавата за породувањето на Кајли: „Ова е врвот на кариерата на Крис Џенер“

Твитер ‘гори’ по објавата за породувањето на Кајли: „Ова е врвот на кариерата на Крис Џенер“

by Журнал.мк

Кајли Џенер и Травис Скот го добија второто дете.

Планетарно популарната Кајли раѓањето на бебето го објави на Инстаграм и откри дека го родила на 2-ри февруари оваа година, па бебето има навистина посебен датум на раѓање – 02.02.2022.

Твитер од утрово е преполн со објави за приновата во славното семејство и илјадници Твитер корисници се согласуваат дека датумот на раѓањето на бебето не бил случаен.

„Кајли го роди второто дете на 02.02.2022. Ова е врвот на кариерата на Крис Џенер“, пишуваат на Твитер.

„Се разбира дека се породи на трендовскиот 02.02.2022“.

„Кајли и Крис Џенер откако успешно го задржале бебето до 02.02.2022“.

„Се породи на 02.02.2022. Нема шанси“.

„Ова е планирано“.

https://twitter.com/temppppp_1/status/1490480369589956610?s=20&t=VhcsttsRYk79qiqBerrRAw

„Крис Џенер во болница ако породувањето не започне на 02.02.2022“.

Инаку, ријалити ѕвездата на Инстаграм покрај црно-белата фотографија од рачето на бебето и нејзината постара ќерка Сторми, објави дека на 2-ри февруари во нејзиното семејство пристигнала принова.

Иако гордата мајка, не го објавила полот на бебето, „E! News“, пишува дека родила момче. Интересно е и тоа што бебето доаѓа еден ден после четвртиот роденден на Сторми.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk