Турскиот министер за одбрана сугерираше дека зад денешниот напад во Анкара би можела да стои курдската милитантна терористичка група ПКК, без да понуди никакви докази за да го поткрепи своето тврдење.
Ниту една група се уште не ја презела одговорноста за нападот.
„Секогаш кога на овие никаквеци на ПКК им ја даваме казната што ја заслужуваат“, рече Јасар Ѓулер, без да даде дополнителни детали или докази за поткрепување на неговата сугестија.
„Но не е важно – ќе ги гониме додека не биде елиминиран последниот терорист“, додаде тој.
Инаку, забранетата Курдистанска работничка партија (исто така позната како ПКК) се бори за автономија во југоисточна Турција од 1980-тите.
Турција и нејзините западни сојузници ја сметаат ПКК за терористичка група.
Денешниот напад врз Анкара доаѓа еден ден откако лидерот на турската крајнодесничарска националистичка партија, сојузник со Ердоган, ја покрена можноста затворениот лидер на ПКК Абдула Оџалан да добие условна слобода доколку се откаже од насилството и ја распушти својата организација.