14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Турски гигант го бара Елмас на позајмица од Наполи

Најчитани вести

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вчера ја доби наградата за најдобар репрезент на Македонија во 2019 година, а денеска во италијанските медиуми се појавија шпекулации дека фудбалерот на Наполи наскоро би можел да го промени неговиот клуб.

„Калчонаполи24“ објави дека турскиот гигант Бешикташ испратил понуда до Наполи за 18-месечна позајмица на Елмас, со можност да биде откупен на крајот на договорот.

Според првите шпекулации, Наполи не планира да ја прифати понудата од турската екипа, зашто Џенаро Гатузо тукушто пристигна на тренерската позиција, па најверојатно планира да ги користи услугите на македонскиот фудбалер во продолжение од сезоната.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com