Home » Турската партија – ДПТМ која беше во владина коалиција со СДСМ, на изборите ќе соработува со ДУИ

Турската партија – ДПТМ која беше во владина коалиција со СДСМ, на изборите ќе соработува со ДУИ

by Журнал.мк

Со ставањето потпис на договорите на претседателите на политичките партии Демократската унија за интеграција и Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТМ), денеска во Гостивар беше официјализиран коалицискиот договор за претстојните претседателски и парламентарни избори.

Али Ахмети, лидерот на ДУИ на прес-конференцијата во Центарот за култура „АСНОМ“, коалицискиот договор го оцени како историски чин на соработка која, како што рече, ќе трае и по изборите.

– Овој фронт ќе биде не само за една употреба, само за изборите, за претседателските и парламентарните избори од 2024 година, туку ќе биде вечен затоа што интересите се заеднички. Ова партнерство, овој фронт и вие самите, почитувани, припадници на турската заедница, ќе се уверите дека ќе биде повеќе од политика, ќе биде братска соработка. Ова е најголемата поврзаност меѓу двата народи, двете нации, напомена Ахмети

Првиот човек на ДПТМ, Бејџан Илјаз обраќајќи се на турски и албански јазик истакна дека денешното потпишување на договорот е потврда на мултиетничкиот дух кој владее во овој град.

-Потпишувањето на договорот на виделина ја вади причините кои обединуваат, а не тие што разделуваат. Денес сме тука за подобрата иднина на нашата земја. Карактеристиките на овие партии кои се во овој фронт се нивното искуството и придонес во најважните моменти за земјата. Се надевам дека оваа коалиција ќе биде профитабилна за нашата европска иднина, рече Илјаз.

Ахмети одговорајќи на новинарско прашање околу можното коалицирање со Зијадин Села од Алијанса за Албанците и нивните очекувања за петмина пратеници како предуслов за коалицирање, нагласи дека не се работи за бројки туку за пошироко делување.

– За мали нешта големите проекти не ги ставаме во ризик. Овде не станува збор за бројки, туку станува збор за филозофија, за визија и за иднина, рече Ахмети.

Илјаз на новинарско прашање дали претходно се разговарало со СДСМ и каква понуда добил од ДУИ, појасни дека претходно имал неколку средби со други политички субјекти.

– Предлогот на овој фронт и пружената рака на Али Ахмети беа најискрени. Не е многу важна позицијата или договорите, дека се зборува за позиции, но можам да нагласам дека во моментов како партија ги имаме најдобрите позиции во нашата историја, рече лидерот на ДПТМ, Бејџан Илјаз.

И двајцата лидери во изјавите истакнаа дека очекуваат победи на претстојните избори.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More