Home » Турист почина во Грција откако го каснал пајак за ногата

Турист почина во Грција откако го каснал пајак за ногата

by Журнал.мк

Мажот кој беше каснат од отровен кафеав пајак во Пиргос, на западот на Грција не успеа да преживее!

Локалните медиуми јавуваат дека 48-годишникот, минатиот вторник попладне дошол во болница со ужасни болки во ногата, но дотогаш не сфатил дека се работи за каснување. Претходно бил прегледан од приватен ортопед кој веднаш го испратил во болница.

Здравјето на човекот се влошило еден ден подоцна, тој развил симптоми кои потсетуваат на каснување, а медицинскиот персонал вложил напори да го одржи во живот.

– И покрај натчовечките напори на персоналот, пациентот на крајот не успеа да издржи. За жал, тоа беше нешто што се знаеше од самиот почеток. Ваквите инциденти не завршуваат добро. Се трудевме многу – велат од болницата.

Медиумите јавуваат дека мажот кој бил на одмор во Грција бил каснат високо кај бутот од ногата, но не забележал кога бил каснат.

– Од описот мислиме дека се работи за каснување од кафеав пајак. Не постои противотров и неговиот развој е генерално доста брз, иако на почетокот не изгледа дека е ништо сериозно. Има ненадејно влошување 72 часа по каснувањето – велат од болницата.

Кафеавиот медитерански осамен пајак е малку проучен. На предниот дел од телото има изразен белег кој наликува на виолина.

Активен е ноќе, додека дење се крие под камења и лисја.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More