2 C
Skopje
Sunday, January 24, 2021

Турција разгледува нацрт-закон со кој ќе се дозволи распоредување армиски сили во Либија

Најчитани вести

Турскиот Парламент разгледува нацрт-закон што ќе и дозволи на Анкара да распореди армиски сили во Либија. Тоа го изјави Ибрахим Калан, портпарол на турскиот претседател.

– Воената помош за владата на Сараџ може да биде во обука на војници, но и во хуманитарни мисии, додаде тој.

Во понедленикот Сараџ потврди дека се обратил до Анкара за вона помош.

Минатиот месец Турција потпиша договор за воена соработка со Триполи. Турција ја поддржува меѓународно признатата валда на национално единство базирано во Триполи и соопшти дека може да распореди војници таму ако добие соодветна молба. Силите лојални на владата на премерот Фаез Сараџ со месеци се судираат со сили на маршал Халиф Хафтар, базирани во источна Либија.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести