Home » Тухел: Презедов одговорност иако мислам дека не сум единствениот проблем во Баерн Минхен

Тухел: Презедов одговорност иако мислам дека не сум единствениот проблем во Баерн Минхен

by Lina Muslija

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, истакна дека не е единствено одговорен за лошата форма на германскиот шампион и се надева дека одлуката на клубот да се раздели со него на крајот на сезоната ќе даде повеќе мир и на играчите во остатокот од сезоната.

Тој, исто така, се закани дека ќе биде уште подиректен во спроведувањето на своите идеи бидејќи повеќе не мора да се грижи за долгорочните последици.

На почетокот на оваа недела, Баварците решија да го прекинат договорот со Тухел на крајот од актуелниот шампионат и покрај тоа што има важност до 2025 година.

Баерн Минхен е во серија од три порази во сите натпреварувања.

„Никогаш не сум почувствувал дека ние како стручен штаб престанавме да ја вршиме нашата работа во тимот како што треба. Имаме резултатска криза и тренерот е одговорен за тоа. Мислам дека не сум единствениот проблем, но јас ја преземам одговорноста. Долго време не сум задоволен од начинот на кој играме. Сега имаме нова ситуација, но таа е решена и веќе соопштена. Мислам дека не сум единствениот проблем“, изјави Томас Тухел.

Баерн, кој има 11 последовни шампионски титули во Греманија, сега е второпласиран во Бундес-лигата, со осум бода негатива во однос на лидерот Баер Леверкузен.

„Не е важно дали ја разбирам одлуката на клубот или дали сум задоволен со неа. Сега сѐ е јасно и тоа носи слобода. Тоа е добра работа. Тоа помага и на натпреварите и тренинзите“, истакна Тухел.

Стратегот ја презеде тренерската функција во Баерн во март 2023 година од Џулијан Нагелсман со многу високи очекувања, но претрпе бројни неуспеси за време на неговиот мандат.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More