20 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

TSMC оваа година почнува со производство на 3nm чипови

Најчитани вести

Партнерот на Apple кој произведува чипови, TSMC е на прагот на производство од 3 nm, што се очекува да почне оваа година. Посериозни количини на 3nm чипови може да се очекуваат во втората половина на следната година.

За само неколку години, оваа компанија успеа да обезбеди комерцијално исплатлива минијатуризација, од 16 nm A10 чипови во iPhone 7 моделите, до 5 nm чипови A14 во сегашната генерација на iPhone 12. Компанијата TrendForce, која се занимава со анализа на пазарот, верува дека Apple во 2021. година ќе користи A15 чипови базирани на 5 nm+ процесот на производство. За 2022 година, моделите на iPhone со А16 чипови се очекува да бидат изработени во 4 nm процес, додека 3 нанометарската технологија ќе се користи за А17 чиповите. Процесот на производство од 3 nm ќе обезбеди 30% забрзување и 15% помала потрошувачка на енергија во споредба со сегашниот процес од 5 nm.

Дека сериозно се подготвуваат за новиот процес на производство, зборуваат и податоците од другите извори. Bloomberg најави дека TSMC во текот на оваа година планира да инвестира дури 28 милијарди долари во капитални проекти, што е повеќе од половина од вкупниот предвиден приход за 2021 година. Тоа е значајно зголемување на инвестициите во споредба со 2020 година (кога беа вложени 17,2 милијарди долари), а дури 80 проценти од планираната сума ќе бидат инвестирани во развој на напредни технологии за производство на процесори. Инаку, оваа компанија во декември оствари приходи од 5,1 милијарди долари, што е нов рекорд, најмногу благодарение на успехот на iPhone 12 серијата телефони.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести