Home » Трогателна исповед на родителите на девојче-жртва на монструмот Коста Кецмановиќ

Трогателна исповед на родителите на девојче-жртва на монструмот Коста Кецмановиќ

by Журнал.мк

Мара Анѓелковиќ, која прекрасно црташе и ја сакаше музиката, секојдневно ја оплакуваат нејзината постара сестра и помалиот брат, мајката Драгана и таткото Бранко, пренесува српска „Република“.

– Се простивме со неа во мртовечница и тоа беше најлошото нешто што сум го доживеал. Беше страшно. Не сакав да се разделам од неа, тие не разделија. Многу малку се сеќавам на погребот, знам само дека имаше многу луѓе. Ми се чини дека се се распадна. Немам ни сила ни волја да направам нешто. Спијам лошо. Секој ден умирам, па повторно се раѓам – изјавила мајката на Мара пред Вишиот суд во Белград.

Таткото на Мара открива дека секое утро ги гледа нејзините слики.

– Тогаш разговараме, тоа е мојот начин на комуникација. Станувам наутро, таа е таму. Не физички, но секое утро разговарам со неа – рекол тој.

За потсетување, Коста Кецмановиќ, ученик во ОУ „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година уби девет свои врсници и училишниот чувар.

Утрото со намера да направи масакр доцнел на училиште и на час по историја, а потоа со два пиштоли на татко му и ранец полн со молотови коктели влегол на влезната врата од училиштето и отворил оган.

Тој прво ги убил чуварот и две девојчиња кои биле на должност, а потоа влегол во кабинетот по историја каде неговиот клас имал час и испукал рафал.

Во таа прилика убил уште шест негови врсници, додека тешко ранил уште тројца.

Дванаесет дена подоцна, уште една девојка им подлегна на повредите.

Момчето-убиец е на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци од 3 мај, додека неговиот татко Владимир Кецмановиќ е во притвор, а против него се води граѓанска и кривична постапка, како и против мајката на Коста, Миљана Кецмановиќ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More