Home » Тројца основци од Битола се најмладите хуманитарци, спасија живот на беспомошно лице

Тројца основци од Битола се најмладите хуманитарци, спасија живот на беспомошно лице

by Журнал.мк

Седмоодделенецот Емрулах Емруловски и петтоодделенеците Давор Ванчовски и Марко Пердуловски, ученици од ОУ Даме Груев во Битола, тоа слободно попладне решија да го искористат за дружење и игра. Но, овие млади момчиња заборавија на фудбалот, кога на патот до игралиштето, во близина на нивната зграда, здогледаа непознат беспомошен човек, легнат на земја.

Вознемирени, но сепак присебни, веднаш завртија на бројот на итната медицинска помош.

-Отидовме кај другар ми пред зграда за да земеме топка и да играме фудбал во училиштето. Го најдовме човекот легнат и отидовме да видиме што му е и да му помогнеме, рече Емрулах Емруловски, ученик .

-Цел со крв беше и ние веднаш се јавивме во брзата помош. Навреме дојде брзата помош, рече Давор Ванчовски, ученик.

-Другарите трчаа по амбулантата која замина по друг пат, јас бев до него и му велев да седи, затоа што се обидуваше да стане, рече Марко Пердуловски, ученик.

Од Итната помош велат дека беа изненадени од организираноста на децата. Внимателно ги слушале насоките како да постапат со човекот додека да пристигне екипата, а потоа отстрана ја следеа интервенцијата, се додека лекарите не ги уверија дека пациентот ќе биде добар.

-Добро беа синхронизирани, едниот не пречекува, другиот ни ја покажува насоката, а третиот остана со пациентот. Им кажав да не се грижат бидејќи беа вознемирени од целата таа глетка, која не е добра за мали децата, но тие возрасно пристапија, рече д–р Христина Кромидаровска, лекар во Итната медицинска помош – Битола

Од училиштето се горди на тројцата ученици кои велат одржаа лекција за хуманост и емпатија во време кога овие доблести се подзаборавени,

-Нашата работа не е само образовна, ние постојано на часовите се воспитуваме како треба да се однесуваме, како не треба да се однесуваме, како да помагаме, да се сакаат меѓусебно, да се дружат, Соња Котевска, наставник во ОУ „Даме Груев“-Битола

Емрулахах, Давор и Марко веќе се херои меѓу своите другарчиња во ОУ „Даме Груев“ во Битола ,а со укажаната помош на беспомошен човек се пример за солидарност на целото општество.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk