Нови сведоци ќе раскажат што се случувало пред и по грабнувањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Кривичниот суд.
Денеска ќе сведочат лицата Еролд Османи, Ламбе Бучков и Стефан Димовски.
Обвинетите Љупчо Палевски-Палчо, Боре Видевски, Влатко Кешишов и Велибор Манев кои се обвинети за грабнување и убиство седнаа на обвинителна клупа.
Од куќен притвор беше спроведен и обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на Вања, кој се гони за помагање на групата.