Три лица загинаа, а тројца се повредени при уривање на мал авион во близина на градот Перт во западна Австралија, соопштија денеска локалните власти.
Како што се наведува, во несреќата загинале туристи од Швајцарија и Данска и пилотот.
Авионот превезувал шест туристи кога се урнал вчера попладне кај островот Ротнест, популарна туристичка дестинација на околу 30 километри западно од Перт, се вели во соопштението.
Меѓу жртвите се 65-годишна жена од Швајцарија, 60-годишен маж од Данска и 34-годишниот локален пилот.
63-годишен Швајцарец беше спасен заедно со 58-годишна жена од Данска и австралиски пар на 60-годишна возраст.
Трагедијата се случила пред многу туристи, вклучително и семејства со деца кои биле на островот и уживале во летниот одмор.
Имаше извештаи дека авионот удрил во карпа што излегувала од океанот додека полетувал.
Засега нема официјална причина за несреќата.