Home » Тројца кинески астронаути се вратија на Земјата по 6-месечна мисија на вселенската станица Тјангонг

Тројца кинески астронаути се вратија на Земјата по 6-месечна мисија на вселенската станица Тјангонг

by Журнал.мк

Тројца кинески астронаути од мисијата Шенжоу-19 безбедно се вратија на Земјата денес, по шестмесечен престој во кинеската вселенска станица Тјангонг, јави државната новинска агенција Синхуа, пренесува Анадолу.

Цаи Суже, Сонг Лингдонг и Ванг Хаозе слетаа кај Донгфенг во северниот автономен регион Внатрешна Монголија. Нивното враќање беше одложено за еден ден поради лошите временски услови.

Тројцата астронаути, познати во Кина како „таиконаути“, заминаа во вселената во октомври и за време на својата мисија спроведоа низа научни експерименти и извршија техничко одржување на кинеската вселенска станица, која е целосно изградена со домашни капацитети.

Нивната мисија заврши откако минатата недела новата екипа од мисијата Шенжоу-20 успешно ги презеде операциите на станицата. Новиот тим, составен од командантот Чен Донг и астронаутите Чен Жонгруи и Ванг Џие, беше лансиран минатиот четврток од Сателитскиот лансирен центар Џиукуан, што се наоѓа во северозападна Кина. Тие исто така ќе останат во станицата шест месеци.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk