Home » Тројца дилери на дрога завршија во притвор

Тројца дилери на дрога завршија во притвор

by Журнал.мк

Две постапки против дилери на дрога во Скопје, еден осомничен за помагање

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, како и против уште едно лице кое му помогнало да го стори кривичното дело.

Осомничениот 35-годишник од Скопје, кај себе и во непријавено привремено престојувалиште на улицата „Церска”, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана во вкупна нето маса од 4802,4 грама, кокаин во вкупна нето маса од 62 грама, како и психотропна супстанца – 3,4 метилен – диоксиметамфетамин во вкупна маса од 7 грама.

Помагачот, 30-годишник од Штип, му помогнал во извршување така што му дал на располагање средства за да го стори кривичното дело, односно му овозможил да ја користи куќата во која самиот престојувал врз основа на склучен договор за закуп со трето лице.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, оправдан страв дека ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага и против 33-годишник од Крива Паланка кој непријавено престојувал во викенд куќа во Чучер Сандево, каде при претрес му биле пронајдени 952 грама амфетамин, 19,56 грама кокаин, околу половина килограм марихуана, 14,6 милилитри хашиш во шест шприцови, како и семки од канабис со вкупна нето маса од 9,62 грама.

И за овој осомничен обвинителството предложи мерка притвор.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More